Снег го одложи натпреварот Атлетико Мадрид – Атлетик Билбао

Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16.15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.

332

Раководството на шпанската Ла Лига претпладнево официјално го одложи денешниот меч меѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао поради обилните снежни врнежи во престолнината.

Натпреварот меѓу актуелниот лидер во шпанското првенство и деветтопласираниот Билбао требаше да се игра од 16.15 часот, а новиот термин ќе биде утврден дополнително.






Поради снежното време што зафати големи делови на Шпанија, аеродромот „Барахас“ во Мадрид од синоќа е затворен.

Екипата на Атлетик полета во петокот попладне кон главниот град, но експедицијата се врати во Билбао, откако авионот не успеа да слета на мадридскиот аеродром

Поврзани содржини