📽️ СНЕГ ЈА ПАРАЛИЗИРА СРБИЈА Се очекува колапс наредните два дена кога ќе се судрат дожд, влажен снег и замрзнат дожд

Издадени се и предупредувања во врска со сообраќајните опасности, прекините во снабдувањето и можните оштетувања на електричната мрежа.

6,296

Снегот што паѓа во Србија од саботата ја парализираше земјата и предизвика хаос во сообраќајот низ целата земја, возилата се лизгаа и се излетуваа од патот, а властите го вклучија црвениот метеоролошки аларм и апелираа до сите да не излегуваат и да возат освен ако не е апсолутно неопходно.

Судејќи според најавите на надлежните служби, колапсот ќе следи во следните два дена, кога се очекува судир на дожд, влажен снег и замрзнат дожд.






Издадени се и предупредувања во врска со сообраќајните опасности, прекините во снабдувањето и можните оштетувања на електричната мрежа.

„На почетокот на неделата (од 5 до 7 јануари) во утринските, попладневните и вечерните часови на југот од Бачка, во Срем, во западна и југозападна Србија, во поширокото подрачје на Белград, во јужен Банат, Шумадија, Поморавље и на истокот од Србија, се очекува локална појава на замрзнат дожд, додека понатамошно зголемување на висината на снежната покривка се очекува на северот и западот од земјата, особено во вторник и среда навечер“, се наведува во соопштението.

РХМЗ потсетува дека можни се проблеми во сообраќајот и снабдувањето со храна, топлина и електрична енергија на населението (можно е целосно блокирање на сообраќајот), како и можни големи штети на преносните системи – далноводи, повреди на пешаци, оштетувања на дрвја – оштетувања на шуми, дрвја во паркови.

– Поради таложење и замрзнување, можни се оштетувања и на електричните железнички системи, жичарниците, телевизиските кули и другите антенски столбови.

Се најавува дека во одделни делови од Србија ќе паднат и до 70 сантиметри снег, а темпаретурите ќе се спуштат до минус 25 степени.

Снежните врнежи вчера во Белград предизвикаа прекини во градскиот превоз, што доведе до колапс на сообраќајот во речиси целиот град, а многу автобуси останаа заглавени. Граѓаните на одредени делови од главниот град беа принудени да пешачат до својата дестинација во снегот бидејќи автобусите не сообраќаа од безбедносни причини.

Градските власти денес објавија дека „никој не бил изненаден“ и дека сите градски служби се целосно ангажирани во отстранувањето на последиците од снежните врнежи на улиците на Белград, за да може сообраќајот, а и јавниот превоз како приоритет, да функционира нормално во тешки услови.

Сите јавни комунални претпријатија се во полн ангажман, а екипите на терен работат на воспоставување нормално функционирање, особено на улиците со прв приоритет, пешачките премини, парковите, јавните површини и постојките за јавен превоз, објави Беоинфо.

На улиците на Белград беа ангажирани 1.072 работници на јавните комунални претпријатија и 268 возила и средства за механизација. Јавното комунално претпријатие „Београд-пут“ е во третата фаза на ангажирање на градските патишта.

Проблеми вчера и денеска имало и на автопатот Е75 и на автопатот Милош Велики кој е покриен со снег. Условите за возење вчера биле исклучително опасни, а имало и возила кои се лизнаа и завршиле во канал покрај патот.

Поврзани содржини