Снаодлива натпреварувачка во Токио: Со кондом го поправи својот кајак и освои бронзен и златен медал ВИДЕО

Австралијката Фокс ни демонстрираше дека кондомот може да добие и поинаква употреба во професионалниот спорт, а двата освоени медали во два дена се вистински доказ за неверојатниот изум на Џесика и нејзиниот тим.

2,590

Австралиската кајакарка Џесика Фокс го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио во конкуренција на „едносед“, а потоа го освои и својот прв златен медал во кариерата во таканаречениот олимписки Ц1 слалом во овој спорт, пишува порталот Дерби.

Фокс се најде во преден план поради своите извонредни вештини во брзите води, но истовремено, предизвика огромно внимание на социјалните мрежи пред вчерашната трка на која го освои првиот од двата медали на Олимпијадата во Токио.





Пред финалната битка за медал во „едносед“ конкуренција, Џесика имала проблем со својот кајак кој добил оштетување во предниот дел, а таа самата преку социјалните мрежи откри дека истиот бил поправен со кондомот кој го добила од организаторите при пристигнувањето во Олимпиското село.

Австралијката Фокс ни демонстрираше дека кондомот може да добие и поинаква употреба во професионалниот спорт, а двата освоени медали во два дена се вистински доказ за неверојатниот изум на Џесика и нејзиниот тим.

 

Поврзани содржини