СНАЈПЕРИСТОТ КОВИД-19 Д-р Нико Беќаровски за подмолниот вирус
Кога државата ни е преплавена со „снајперисти“, нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.
Вирусот е како најпрецизен снајперист.
Тивок, невидлив, подмолен.
Само вчера успеа да „рани“ најмалку 999 луѓе и да „убие“ 14.
А кога државата ни е преплавена со „снајперисти“, нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.
И да, во целост се согласувам дека сите кои веќе беа „ранети“ од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит, како нас „истренираните“.
А „цивилите“, кои не веруваат дека сме под „вкрстен снајперски оган“, еден ден ќе разберат дека ограниченото движење можеби им го спасило животот.
Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.
А генерали ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден!!!
(ФБ статус на д-р Нико Беќаровски)