Неколку пријави во врска со нарушување на изборниот процес во Скопје, Велес и Битола се регистрирани во дополнението на Билтенот што го објави денеска Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 09.20 часот во полициската станица Карпош, 75-годишниот скопјанец Ј.У. пријавил дека добил СМС порака од непознато лице, кое според содржината го наведувало на изборите да гласа за одредена партија. Запознат бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.
П.А. од Градско, пред доаѓањето на Избирачкиот одбор, вчера дошол во дворот на А.С. (лице со здравствени проблеми) на улица „Борис Трајковски“ и му дал 1.000 денари за да гласа за одредена политичка партија. Полициски службеници разговорале со П.Е., старател на А.С. и со потврда банкнотата билa одземена. Бил извршен разговор и со П.А..
Во битолската полиција било пријавено дека во 01.30 часот во срло Новаци, битолско, В.Ј. од истото село растурал летоци. Тој бил приведен во полициското одделение Новаци.