СМРТТА НА ПРИГОЖИН НЕМА ДА БИДЕ ИЗНЕНАДУВАЊЕ Се огласи Белата куќа

680

Смртта на водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, не би била изненадување, велат од Белата куќа за авионската несреќа која се случи во Русија.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека „никој не треба да биде изненаден“ ако се потврдат извештаите дека основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин бил во авионот кој попладнево беше соборен.






Гувернерот на руската област Твер, Игор Руденија го презеде под лична контрола прашањето за авионската несреќа во Бологовскиот регион во областа Твер, во која, според Министерството за вонредни ситуации, загинаа 10 лица, меѓу кои се претпоставува дека бил и рускиот платеник Евгениј Пригожин. Најдени се 8 тела.

 

Поврзани содржини