СМРТТА НА НАВАЛНИ МИ ГИ ОТВОРИ ОЧИТЕ ЗА САД! Доналд Трамп рече дека Американците се нација која пропаѓа

Трамп оцени дека отворените граници, „лажните“ избори и „крајно неправедните одлуки“ на судството ги „уништуваат“ САД.

891

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска објави дека смртта на Алексеј Навални „го освестила“ за тоа што се случува во САД, но никому директно не ја препиша одговорноста за смртта на рускиот опозиционер.

„Ненадејната смрт на Алексеј Навални ме направи посвесен за тоа што се случува во нашата земја. Тоа е бавен, постојан напредок, со корумпирани, радикално-левичарски политичари, обвинители и судии кои нѐ водат по патот на уништувањето“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Truth“.






Тој оцени дека отворените граници, „лажните“ избори и „крајно неправедните одлуки“ на судството ги „уништуваат“ САД.

„Ние сме нација во опаѓање, нација која пропаѓа“, напиша Трамп.

И покрај тоа што американскиот претседател Џозеф Бајден и други поранешни претседатели, како и највисоките членови на американскиот Конгрес директно го обвинија рускиот претседател Владимир Путин за смртта на Навални во затвор во Русија, Трамп не го стори тоа.

Поврзани содржини