СМРТТА НА МЛАДАТА АТЛЕТИЧАРКА ИВА ЈА ПОТРЕСЕ ХРВАТСКА Само три дена откако сруши личен рекорд
Во нејзината последна битка, но битката на нејзиниот живот, таа се бореше храбро и посилно од кога било. Се бореше храбро до самиот крај и сигурни сме, со насмевка, гласи дел од пораката на клубот ХааК Младост на социјалните мрежи.
Хрватската јавност останала во неверување кога атлетскиот клуб Младост од Загреб објави дека 18-годишната Ива Јовиќ, млада атлетичарка со голем потенцијал, починала ненадејно. Јови починла само три дена откако на атлетски митинг соборила личен рекорд за скок во далечина.
„Токму нејзината насмевка беше нејзиниот потпис и подарокот со кој секогаш нè почестуваше – и кој секогаш беше врежан во сите нас кои бевме блиски со Ива. Во нејзината последна битка, но битката на нејзиниот живот, таа се бореше храбро и посилно од кога било. Се бореше храбро до самиот крај и сигурни сме, со насмевка“, гласи дел од пораката на клубот ХааК Младост на социјалните мрежи.