📽️ СМРТОНОСНО ТОРНАДО ГО ПОГОДИ ПАРИЗ Едно лице загина, неколкумина се борат за живот

Торнадото што го зафати северниот дел на Париз уништи објекти, собори кранови и остави речиси две илјади семејства без струја.

518

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, откако силно торнадо синоќа го погоди северниот дел на Париз, предизвикувајќи голема материјална штета и паника меѓу жителите.

Префектурата Вал-д’Оаз соопшти дека четири лица се во критична состојба, а петмина се со тешки повреди по невремето што го зафати градот Ермон и околните населени места.






Според локалните медиуми, торнадото било толку силно што соборило три големи градежни крана, а ветровите достигнувале брзина од над 150 километри на час.

 

– Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени – изјави францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњес, на платформата X (поранешен Твитер).

 

На местото на несреќата биле распоредени 150 пожарникари, екипи на итна помош и полицајци, кои работат на расчистување на урнатините и обезбедување на безбедноста во погодените подрачја – Ермон, Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.

Поради оштетувањата на инфраструктурата, околу 1.700 домаќинства утрово останале без електрична енергија, јавува агенцијата ДПА.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @climate.apocalypse

Поврзани содржини