СМРТОНОСЕН НАПАД СО ДРОН ВРЗ КАФУЛЕ ВО ХЕРСОН, 24 МРТВИ Русија тврди дека Украина намерно гаѓала цивили
По нападот заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека руската војска ќе одговори немилосрдно.
Однапред е планиран украинскиот напад со дронови врз цивилната област во Херсонскат област, тврди Москва, по синоќешниот удар со дронови врз кафуле полно со млади што ја славеле Новата година, во кој загинаа најмалку 24 луѓе.
„Нема сомнение дека нападот врз кафулето и хотелот во градот Хорли во Херсонската област бил планиран однапред“, објави Министерството за надворешни работи на Русија на Телеграм.
Министерството истакнува дека дроновите намерно го нападнале местото каде што се собирале цивили за време на прославата на Нова година.
„Во првиот час од Новата 2026 година, киевскиот режим изврши уште еден терористички чин против цивилното население на руските региони“, објави министерството.
Во нападот загинаа 24 лица, а повеќе 50 се ранети и хоспитализирани. Меѓу повредените има 6 малолетници, а едно дете е убиено, се додава во соопштението на руското МНР.
По нападатот заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев изјави дека руската војска ќе одговори немилосрдно.
– Немилосрдна одмазда за нападите врз цивилите во Херсонската област во новогодишната ноќ е неизбежна. Следува офанзива на руските вооружени сили – соопшти Медведев.
Гувернерот на Херсонската област, Владимир Салдо, соопшти дека 2 и 3 јануари се прогласени за денови на жалост во таа област. Рускиот Истражен комитет соопшти дека е покрената кривична истрага за терористички напад.
Русија ја анектира украинската Херсонска област, која се наоѓа во долниот тек на Дњепар, во септември 2022 година, по референдумот што Киев не го признава. Руската војска контролира околу 75 отсто од регионот, додека украинската војска го држи десниот брег на Дњепар, вклучувајќи го и градот Херсон.