СМРТНОСТА НА ПРЕДВРЕМЕ РОДЕНИТЕ БЕБИЊА Е НАМАЛЕНА НА 8 ОТСТО Со унапредување на условите се очекува процентот да паѓа

Министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.

94

За 5 години смртноста кај предвреме родените деца е намалена од 26 на 8 отсто, соопшти  Министерството за здравство на Светскиот ден на предвреме родените бебиња.

Ваквите резултати , како што соопшти Министерството за здравство се темелат на унапредувањето на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство.






– Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката, од 2016 до 2021 година успеавме да ја намалиме смртноста кај предвреме родените бебиња од 26 отсто на само 8 отсто со тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на оваа Клиника- велат од Министерството.

Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостигаше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема.

– Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи. Денес ГАК располага со врвна апаратура, знаење и мотивиран персонал кој работи по светски стандарди – велат од Министерството.

Министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата.

Поврзани содржини