СМРТНА КАЗНА ЗА „ПЛАТЕНИЦИТЕ“ Доњецк ги осуди двајцата Британци и Мароканецот

Ајслин, Пинер и Брахим имаат рок од еден месец да поднесат жалба. Осудени се за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам.

601

Суд во самопрогласената Народна Република Доњецк денеска осуди на смрт двајца Британци и еден Мароканец кои се бореле на страната на Украина.

Судот ги прогласи за виновни Ејден Ајслин, Шон Пинер и Саудун Брахим, кои претходно беа заробени во источна Украина.






Тие беа осудени за дејствување со цел насилна промена на власта и тероризам.

Имаат рок од еден месец да поднесат жалба.

Поврзани содржини