СМРТ ВО ЖИВО Ја гледал ќерка си како се дави во базен снимајќи лајв-видео
Го гледав тоа видео. Плачев. Тоа е ужасно. Таа комуницираше со мене два дена пред да умре, вели таткото кој бил немоќен да и помогне на ќерка си, а го следел лајв-видеото од Кенија. Хелен и претходно имала обичај да се снима додека плива и да ги следи коментарите во живо. Таа работела како медицинска сестра во Торонто од каде испраќала пари за фамилијата.
Таткото на девојчето од Кенија кое се удави во базен во Канада додека снимала лајв-видео во живо, проговори за загубата на својата ќерка. Хелен Венди Хиабуто е снимена како се бори да остане на површина откако почнала да плива во базенот. Здравствената работничка (23), која живеела во Торонто и порано имала навика да се снима додека плива, па потоа да одговара на коментарите од гледачите, јавува Си-Ен-Ен.
Меѓутоа, сега нешто тргнало наопаку. Нејзиното тело било забележано неколку часа подоцна на дното на базенот. Според зборовите на нејзиниот брат, таа се удавила во Онтарио, градот каде што работела. Нејзиниот татко, Ниабуто Џон Кионди (56) зборуваше за Си-Ен-Ен од неговиот дом во Кенија.
‘I cried watching my daughter,’ says father of woman who drowned while livestreaming on Facebook https://t.co/xVbuAtWV5Q
— CNN France (@CNNFrancePR) August 24, 2022
– Го гледав тоа видео. Плачев. Тоа е ужасно. Таа комуницираше со мене два дена пред да умре – рече тој.
Тој истакна дека убаво звучела кога зборувале и дека била среќна.
– Таа ми вети (дека ќе ми купи) телефон. Не почувствував ништо необично – рекол тој.
Ниабуто живеела со нејзиниот помлад брат Енох во стан во Торонто и работела со скратено работно време како здравствен работник додека го завршувала училиштето за медицински сестри, соопшти нејзиното семејство.
– Таа е во Канада околу три години – рече Енок, еден од петте браќа и сестри.
– Сите финансиски обврски беа на неа – додаде тој.
Таткото на Венди, фармер во Киси, југозападна Кенија, рече дека „се му сѐ вратило од почеток сега кога неговата ќерка ја нема“.
– Таа ми помогна финансиски да ги образувам нејзините браќа и сестри, особено со школарина и други трошоци. Сега се вратив на почеток. Се прашувам како нејзините браќа и сестри ќе го продолжат своето образование – изјави тој за Си-Ен-Ен.
Сѐ што таткото сака сега е телото на неговата ќерка да биде вратено во Кенија.
– Според нашата традиција, човек треба да биде погребан таму каде што се родил. Нема да се чувствувам пријатно ако мојата ќерка биде погребана далеку од Кенија – рече тој.
Донесувањето на телото на Венди во Кенија ќе ги оптовари оскудните пари со кои располага нејзиното семејство, а нејзиниот брат започна со собирање средства на GoFundMe за покривање на трошоците за погреб.
– Семејството минува низ тежок период. Сѐ што сакам е нејзиното тело да се врати дома – рече тој.