УБИСТВО ВО „БАРДОВЦИ“ ПО НАПАД СО СТАКЛЕН ПРЕДМЕТ Осуденик нападна друг осуденик

Инцидентот во Психијатриската болница во Бардовци заврши со смрт на 62-годишен осуденик, а надлежните поднесоа кривична пријава против напаѓачот.

1,087

Скопската полиција поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Инцидентот се случил на 5 август 2025 година во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје“ во Бардовци, во соба на судскиот оддел.

Според информациите од СВР Скопје, по претходно недоразбирање, пријавениот, кој е осуденик, физички го нападнал И.Т. (62), исто така осуденик, со стаклен предмет, при што жртвата добила сериозни повреди. По нападот, И.Т. бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде за жал починал.






Полицијата го документира случајот, а СВР Скопје поднесе соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство. Случајот дополнително ќе биде предмет на истрага, а надлежните истакнуваат дека безбедноста на пациентите и вработените во здравствените установи е приоритет.

Поврзани содржини