СМРТ НА САМОТО МЕСТО Прегазен пешак на обиколницата кај Радишани

Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информираше МВР.

305

Синоќа во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот – Северна обиколница на град Скопје, во близина на клучка Радишани, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(28) од Скопје, удрило во пешакот К.П.(68) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во несреќата, на местото починал пешакот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски‚. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.

Поврзани содржини