СМИСЛЕН НАПАД И ПРОВОКАЦИЈА Демократски сојуз очекува ригорозни казни за пиштолџиите

Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици, меѓу другото и на меѓуетнички план, соопшти Демократски сојуз.

638

Демократскиот сојуз најостро го осудува организираниот напад на учесниците на протестите и бара брза реакција на службите за безбедност и полицијата, наведено е во партиското соопштение.

„Првичните информации и објавените видеа и фотографии ги потврдуваaт сомневањата дека се работи за смислен напад и провокација со цел да се предизвикат судири од пошироки размери и потешки последици, меѓу другото и на меѓуетнички план. Демократскиот сојуз инсистира на истрага со цел да се откријат организаторите на овој напад, каде освен со камења, столици и други предмети, најмалку две лица користеа и огнено оружје. Протестите се демократско право на искажување на став и револт, но насилството и напади врз полицијата се недозволени. При масовни собири и протести, секогаш има поединци, но и организирани групи, кои смислено прават инциденти. Ги повикуваме сите што протестираат да се воздржат од насилство, а кога нема формален организатор, партиите незадоволството на граѓаните да не го користат за партиски цели. Демократскиот сојуз до крај ќе ги штити националните и стратешките интереси на Македонија“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини