СМИРУВАЧКИ ЧАЈ ОД БАНАНА Идеален за добар сон и релаксација
Во народната медицина овој чај се препорачува не само за луѓето кои страдаат од несоница и хронична анксиозност и депресија, туку и за оние кои имаат ослабен имунитет и висок крвен притисок, како и воспалителни состојби во организмот.
Го сакате вкусот на бананата? Дали го јадете ова овошје наутро за појадок или го додавате во вашето здраво смути? Но, дали знаевте дека од ова извонредно овошје, кое е достапно во текот на целата година, можете да подготвите и лековит чај?
Токму овој чај неодамна стана популарен како смирувачки пијалок кој се пие непосредно пред да заспиете.
Покрај тоа што со пиење чај од банана можете да го подобрите квалитетот на сонот и да се опуштите, благодарение на неговите антиоксиданти можете да постигнете и бројни други придобивки, како што се подобро расположение и витка линија.
Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.