Сметководителите излегуваат на улица, ќе протестираат пред Влада

Искрено се надеваме на прием од страна на владини представници, воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите - се вели во нивното соопштение.

590

Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Владата на ден 18 јануари е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози за нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години, велат од групата на сметководители и овластени сметководители, кои најавуваат дека утре на пладне ќе протестираат за своите права пред зградата на Владата.

– Сметководителите кои во Македонија се 10.000, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата – велат во нивното соопштение.






Додаваат дека приморани се своите права да ги остварат со организиран протест во вторник, 25 јануари, во 12 часот пред Владата.

– Искрено се надеваме на прием од страна на владини представници, воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите – се вели во нивното соопштение.

Поврзани содржини