Сметководителите и проценувачите заеднички ќе се борат за квалитетно работење
Тие денеска потпишаа Договор за соработка.
Креирање на платформа за заедничко делување со особен акцент за подобрување на квалитетот на работа, на националната легислатива, како и унапредување на демократските процеси од сферата на взаемен интерес се дел од целите на договорот официјално склучен меѓу Комората на сметководители на Македонија при ССК и Комората на проценувачи.
Договорот го потпишаа претседателот на Комората на сметководители, Драган Митковски и претседателот на Комората на проценувачи, Антонио Георгиев.
– Еден од нашите главни приоритети ќе биде насочен и кон развој и мотивирање на младите преку одржување на стручни обуки со цел развивање на потребните вештини.По примерот на европските земји ќе се вложиме за примена на европските практики во начинот на работа со цел подигнување на угледот, и конкурентноста како на сметководителите, така и на проценителите рече Митковски.
Претседателот на Комората на проценувачи Георгиев пак рече дека тоа ќе придонесе кон унапредување на работата на двете комори.
– Наша заедничка заложба како комори е следење на примерот на европските земји, и примена на европските практики во начинот на работа со цел подигнување на угледот и конкурентноста на дејностите – рече Георгиев