СМЕТКИТЕ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 50 ОТСТО, ЗА КОМПАНИИТЕ 400 ОТСТО Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат Владата за криминали во енергетиката
Тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акумулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
За 50 отсто се зголемени сметките за електрична енергија за домаќинствата, додека и за над 400 отсто сметките за струја на компаниите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ во соопштенир до јавноста. Според најголемата опозициска партија, неспособноста и криминалот на антимакедонската влада на Ковачевски го клекнале на колена енергетскиот систем во Македонија.
„Тендери во четири очи и криминалот за набавка на електрична енергија, празнење на акумулациите, уништувањето на РЕК Битола се директна последица за ценовниот шок кои го чувствуваат граѓаните, но и економијата во државата“, се вели во написот и се додава:
„Коморите и бизнис секторот секојдневно упатуваат апели до владата за помош за справување со енергетската криза, но од владата молк. Над 5.500 правни субјекти ги затворија своите бизниси поради неспособноста на криминалната власт“, продолжува написот.
„Додека владата се богати, народот сѐ повеќе осиромашува. Граѓаните не знаат како ќе ја пребродат оваа зима, токму заради високите сметки за струја, а владата најавува дека и од јануари граѓаните треба да очекуваат ново поскапување на струјата“.
„ВМРО-ДПМНЕ предложи план за ублажување на енергетската криза, но од владата категорично го отфрлија заради нивни хир, со оправдување дека имаат начин за справување со оваа криза. На граѓаните им е јасно дека оваа влада е неспособна и нема план за излез од кризата. Антимакедонската СДС единствено гледа само како да наместат некој тендер, и како повеќе да украдат на грбот на граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ порачувајќи дека следните избори ќе бидат пресудни:
„За многу скоро ова неодговорно работење ќе заврши. Граѓаните на следните предвремени избори ќе го казнат ова неодговорно работење на антимакедонската СДС и ДУИ“.