Сметка за вода може да се плати и со скенирање на персонализираниот код
Водовод постави и киосци на четири локации во градот: СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.
ЈП Водовод и канализација – Скопје воведе нова можност за плаќање на услугите. На фактурите за месец април е поставен персонализиран QR код со чие скенирање преку мобилен телефон корисниците директно се поврзуваат со електронската услуга инстант плаќање и имаат можност брзо, лесно и едноставно да го реализираат плаќањето без провизија.
Од Водовод информираат дека покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на фактурите веќе се достапни и преку самоуслужните киосци за наплата.
Такви киосци се поставени на четири локации во градот: СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.