СМЕСТИЛ 11 МИГРАНТИ ВО „АУДИ“, ПА ПОБЕГНАЛ КОГА ВИДЕЛ ПОЛИЦАЈЦИ Скопанец криумчарел мигранти, полицијата го бара

На влезот во гевгелиското село Богородица полицијата пронашла 11 мигранти, од кои пет лица од Сирија и шест лица од Турција.

223

На влез во гевгелиското село Богородица полицијата вчера во автомобил пронашла 11 мигранти.

Полицијата соопшти дека полицајци од полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки вчера во 3.50 часот пронашле 11 лица мигранти. Од нив пет лица се од Сирија, а шест лица се од Турција.






„Откако ги забележал полициските службеници, возачот на возилото го напуштил местото. Мигрантите биле сместени во прифатно-транзитен центар во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.

Поврзани содржини