СМЕНЕТИ ДВАЈЦА ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ НА М-НАВ Илир Мемети на местото на Фахрудин Хамиди

Според владини извори, третиот директор Хасим Деар останува на својата позиција.

2,095

Владата на денешната седница заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М – НАВ АД Скопје, да изврши смена на двајцата извршни директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски, објави Канал 5, повикувајќи се на владини извори.

Според препораката на Владата на нивно место треба да се изберат Илир Мемети и Милан Кораќ.






Според истите извори, третиот директор Хасим Деар останува на својата позиција.

Инаку, Илир Мемети е кадар на ДУИ, поранешен директор на Управата за цивилна и воздушна, а сега вработен таму,  за кого во 2009 година беше објавен скандал дека на државен трошок ја повел својата сопруга на службено патување во Шпанија, поточно во Мадрид, за што потрошил 8.000 евра од касата на УЦВП.

Поврзани содржини