Сменете ја одлуката веднаш – и Господ ќе ве благослови!

Ако е за пари, слободно подарете ѝ пари на црквата, ама немојте да и бидете ветер во грб на пандемијата.

3,536

Точно е дека црквата е одвоена од државата, ама црквата е во државата. И за неа важат сите закони и одлуки на Владата, како за сите други правни субјекти.

А посебно во вонредна состојба и при воведен полициски час на целата територија на државата.






Од една страна, во целиот свет, сите влади, експерти, медицински лица, институции и СЗО, велат – само изолација, избегнување социјални контакти, маски, ракавици и слично. Од друга страна, одржување на литургии за Велигден, причестување со една лажица, бацување икони, метеж и блиски социјални контакти.

Едното со другото никако не оди. Тоа е надвор од паметот!

Ако е за пари, слободно подарете ѝ пари на црквата, ама немојте да и бидете ветер во грб на пандемијата.

Одењето во црква било „право неприкосновено“! А слободното движење, слободниот проток на луѓе, како и правото на живот, какви слободи и права се тие!?

Да не се правиме поголеми верници од Папата.

Не одмагајте. Бидете одговорни.

Не е ‘„херојство“’ сега да се оди во црква. „Херојство“ е да се седи дома, мислам дека така беше!?

Сменете ја Одлуката веднаш. Само тогаш и Господ ќе ве благослови.

Поврзани содржини