„СМЕ ИМАЛЕ И НИЕ ГРЕШКИ, НО НАШИТЕ ГРЕШКИ НЕ СЕ СО ЛОША НАМЕРА“ Пендаровски призна дека власта била „грешна“, но и дека тие биле различни како луѓе

Претседателскиот кандидат од СДСМ упати критики за опозицијата и ги прозва Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не направиле ништо за државата.

232

Актуелниот престедател и кандидат од СДСМ за нов мандат на претстојните претседателски избори, Стево Пендаровски на средбата со граѓаните во општина Ново Село призна дека актуелната владејачка гарнитура имала и грешки и дека е свесна за тоа, но истакна дека целиот демократски амбинет денес е на повисоко ниво.

– Денеска самите сведочите дека медиумите се слободни имаме демократија, за ова се боревме. Кај нас нема апсења затоа што некој не се согласува со нас. На 27 април организираа упад во Собрание за да не ја предадат власта. Во 2012 носеа буџет како што одговара на фамилијата на власт и ги истераа со сила сите наши пратеници и новинари. Ние сме различни како луѓе. Сме имале и ние грешки – жив човек греши, но нашите грешки не се со лоша намера – потенцира Пендаровски.






Претседателскиот кандидат од СДСМ упати критики за опозицијата и ги прозва Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не направиле ништо за државата.

– Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ништо за државата кога беше потребно за европската иднина на Македонија. Опозицијата беше главната кочница и ги блокираше своите сограѓани и земјата. Нека не ве лажат сега дека со нив подобро ќе живеете, нема иднина со тие луѓе, видовте што правеа кога беа на власт. Сите важни стратешки цели досега ги постигнавме ние. Сеат лаги за наводни навреди, а истите тие не сопреа од навредувања. Како што лажат за договорите кои ги постигнавме, така лажат и за сѐ друго, не им верувајте ништо – рече Пендаровски.

Во своето обраќање, Пендаровски потенцираше дека единствената опција за државата да продолжи вистински да се развива е со гласање на бројот на 1.

– Знам дека граѓаните повторно ќе ја донесат исправната одлука. Бев претседател на сите, не делев, туку обединував. Ако ја добијам вашата поддршка и во следните пет години ќе работам за граѓаните и државата, затоа што нашите деца мора да имаат услови за пристоен и достоинствен живот. Само со бројот 1 ќе одиме напред – рече Пендаровски.

Поврзани содржини