ИМИГРАЦИСКИОТ ПОЛИЦАЕЦ ПУКАЛ ВО САМООДБРАНА, ЖЕНАТА ШТО ВРЕСКАШЕ Е АГИТАТОР Трамп ја обвини радикалната левица дека е одговорна за убиството во Минеаполис

Жената што го управуваше автомобилот се однесуваше многу неуредно, попречувајќи и спротивставувајќи се, по што насилно, намерно и брутално прегази службеник на Службата за имиграција и царина, кој, како што изгледа, пукал во самоодбрана, објави американскиот претседател Доналд Трамп.

1,591

Тукушто го погледнав видеото од настанот што се случи во Минеаполис, Минесота. Тоа е ужасна сцена за гледање, објави американскиот претседател Доналд Трамп, откако денеска Службата за имиграција и царина (ИЦЕ) уби жена во Минеаполис, која со своето возило ја попречуваше работата на агентите.

Убиството е снимено од локалните жители и видеата се споделуваат на социјалните мрежи, а револтот расте.






„Жената што врескаше очигледно беше професионален агитатор, а жената што го управуваше автомобилот се однесуваше многу неуредно, попречувајќи и спротивставувајќи се, по што насилно, намерно и брутално прегази службеник на ИЦЕ, кој, како што изгледа, пукал во самоодбрана. Врз основа на видеото, тешко е да се поверува дека е жив, но сега се опоравува во болница. Ситуацијата се разгледува во целост, но причината зошто ваквите инциденти се случуваат е тоа што радикалната левица секојдневно им се заканува, ги напаѓа и ги таргетира нашите службеници за спроведување на законот и на агентите на ИЦЕ. Тие само се обидуваат да ја извршуваат својата работа – да ја направат Америка безбедна. Мора да застанеме зад нашите службеници за спроведување на законот и да ги заштитиме од ова радикално левичарско движење на насилство и омраза“, објави Трамп.

🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СЛУЖБАТА ЗА ИМИГРАЦИЈА УБИ ЖЕНА ВО МИНЕАПОЛИС Таа со возилото тргна преку еден од полицајците

Поврзани содржини