📷 📽️ „СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ“ СО ЉУБОВНА АКЦИЈА Полицајци снимени како имаат секс во кола

Интересно е и тоа што, според официјалните информации, полицаецот не бил на должност во времето на случката, додека полицајката била на должност.

716

Голем скандал избувна на Кипар откако на интернет се појави видео од двајца полицајци фатени во интимна врска, покрај службено патролно возило, сред бел ден, објави Дејли Мејл.

Видеото, снимено од минувач во близина на Ларнака, прикажува маж и жена во полициска униформа како имаат интимен момент покрај автомобил паркиран на поле, недалеку од главниот пат. Видеото почна да кружи на социјалните мрежи, предизвикувајќи бура од јавни реакции.






Како што објави порталот „Sigmalive“, портпаролката на кипарската полиција, Кирикија Ламприаниду, потврди дека е покрената официјална истрага против полицајците за три кривични дела: небрежност при вршење на службена должност, непристојно однесување и кршење на кривичниот закон.

– Двајцата веќе се ставени на располагање на полицијата до крајот на постапката. Покрај кривичната, во тек е и внатрешна дисциплинска истрага – изјави Ламприаниду.

Фото: Принтскрин

Видеото можете да го погледнете со кликнување ТУКА.

Според неа, анализата на снимката покажа дека видеото на прв поглед изгледа автентично, но истрагата сè уште е во тек.

– Се собираат изјави од сведоци и други релевантни докази. Доколку во текот на постапката се утврди дека се извршени и други кривични дела, тие исто така ќе бидат вклучени во истрагата – додаде портпаролката.

Интересно е и тоа што, според официјалните информации, полицаецот не бил на должност во времето на случката, додека полицајката била на должност. На прашањето на новинарите дали осомничените веќе дале изјави, Ламприаниду не сакаше да коментира.

Поврзани содржини