СЛУЖБЕН ВЕСНИК ЈА ОБЈАВИ ОДЛУКАТА ЗА ЗАМРЗНАТАТА ЦЕНА НА ЛЕБОТ Пекарниците експресно реагираа
Според објавата на сајтот на Службениот весник оваа одлука е содражана во весникот број 44 со датум 28.2.2023 година.
Одлуката за определување на највисока цена на одделни производи со која е опфатен и полубелиот и белиот леб и одлуката за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор се објавени во Службениот весник.
Според објавата на сајтот на Службениот весник оваа одлука е содражана во весникот број 44 со датум 28.2.2023 година.
Во овој број на Службениот весник објавена е и одлуката за престанок на важење на владината одлука за преземање мерки во услови на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.
– Со ова стапува на сила и заканата на пекарската индустрија за запирање на производството на лебот чија цена се замрзнува – велат од оваа индустрија.
Претседателот на групацијата на мелничко пекарската индустирја Горан Малишиќ утрово не сакаше да ги коментира настаните.
– Нашата одлука ја кажавме пред три дена. Немам што да кажам сега. Треба да одржиме состанок по што ќе излеземе во јавност – изајви тој за Плусинфо.
Утрово, во продавниците во Скопје нема свеж полубел и бел леб. Граѓаните се револтирани и очекуваат владата да има соодветна реакција.
Граѓаните веќе се огласија и на социјалните мрежи каде што најчестиот коментар е дека препирката меѓу владата и пекарите завршува на грбот на народот.