Слушнете ја „Јас и ти“, нова летна песна на „Љубојна“ (АУДИО)
Годинава „Љубојна“ прославуваат 20 години постоење, а зад нив имаат дури 12 албуми и две плочи. Со латино песната „Јас и ти“ тие повторно се ребрендираат на сцената.
Слушнете го новото летно освежување кое во овие жешки денови ни го приреди нашата група „Љубојна“. Песната насловена како „Јас и ти“ ја напиша Вера Милошевска, која полека навлегува во кантавторските води.
Со ведриот латино ритам кој „мириса на липи и жешки калдрми“, Љубојна уште еднаш покажа дека е присутна на сцената. Годинава тие прославуваат 20 години постоење, а зад нив имаат дури 12 албуми и две плочи.
Песната е снимена во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, а аранжманот го подготви Оливер Јосифовски.