СЛУШНАЛ ДЕКА ТАКА СЕ ПРАВИ! Ставил пари во пасошот, добил лисици

А.С.(64) бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

1,480

Полициски службеници од Полициската станица на граничниот премин Блато вчера го привеле А.С.(64) од с. Чегране, гостиварско, поради обид за поткуп.

На граничниот премин Блато при пасошка контрола при влез во државата А.С. во својата патна исправа ставил пари и се обидел да даде поткуп на полицискиот службеник.






Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини