СЛУПЧАНЦИ ЌЕ СЕ КООРДИНИРААТ Утре во Липково најавена средба со претставници на ЕВН и владата
Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9 август, за што се чека и потпишување меморандум со мештаните а во средување на состојбите најавена е интервенција владини министри.
Доцна попладнево во Слупчане ќе се одржи состанок на жителите на ова село каде ќе се гради заеднички став за долгорочно решавање на проблемите со струјата и со електричната мрежа, пренесува Телма.
Пред утрешниот состанок која е закажан со раководството на ЕВН и со представници на владата во општина Липково мештаните на Слупчане на денешната средба ќе бидат запознаени со сите детали кои ги предлага да ги направи ЕВН и тие да ги финализираат своите позиции пред да се потпише и официјален договор со електро дистрибутивната компанија.
На денешниот состанок најавено е дека ќе се разговара за тоа како ќе се настапи утре на средбата со првите луѓе на ЕВН но остануваат на своите клучни барања дека се против плаќање на нереално високи сметки кои во некои случаи достигнуваат и до 15 илјади денари, долговите да се платат на рати и бараат струјомерите да бидат исти како за сите во државата.
Од ЕВН најавија дека нивните екипи ќе започнат да работат на реконструкцијата на мрежата во Слупчане на 9 август, за што се чека и потпишување меморандум со мештаните а во средување на состојбите најавена е интервенција владини министри.
Од ЕВН претходно соопштија дека барањата кои ги доставија мештаните се разгледани, а ќе се постапи онака како што е уредено во законите кои важат за сите корисници без исклучок. Според ЕВН, 80% од жителите во Слупчане не плаќале струја, ниту пак им дозволувале на екипите да влезат и да ја модернизираат мрежата. Слупчане поради истите причини остана без струја и пред речиси еден месец, а и тогаш интервенираше Владата.