Слуга крадел од кралицата Елизабета Втора, доби осум месеци затвор ФОТО

1,050

Вработен во Бакингемската палата, доби осум месеци во затвор откако украде десетици медали, потпишани фотографии и други скапоцености од лондонскиот замок каде живее британската кралица Елизабета Втора.

Уапсениот 37-годишен Адамo Канто, асистент по кетеринг, ја признал кражбата, објави во понеделникот новинската агенција Press Association .






За време на претресот полицијата во неговиот стан во палатата пронашла „голем број“ украдени предмети.

Некои од украдените предмети беа продадени под нивната вистинска вредност на eBay, а меѓу нив имаше и два многу вредни медали и албум со фотографии направени за време на свечената вечера одржана за време на посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Велика Британија.

Канто работел во палатата како еден од членовите на службата од 2015 година.

Press Association пишува дека експерти и познавачи на вредноста на украдените предмети велат дека штетата се проценува на помеѓу 10.000 и 100.000 фунти.

Вкупно 37 предмети биле понудени на продажба „многу под цената“ од нивната вистинска вредност, а Канто од тоа заработил само 7.741 фунти

 

FOTO: Tviter/Instagram

Поврзани содржини
na