Случајот со Македонија е тажен …!

Кога европски политичари како на деца ни се силат дека „мора“ да го промениме Уставот и да го прифатиме ропството во наметнатиот „европски“ пат, начин за спротивставување, е и Референдум!?

3,399

Веќе сфативме: ЕУ со намерно погрешните тврдења и лажни ветувања направени како повик за европска интеграција и стабилизација на нејзиното соседство, стана механизам за потчинување на Македонија како мала и економски слаба земја, што само по себе е фашисоидно геноциден акт, така да – процесот на интеграција, за кое нешто ни доаѓаа злонамерници да нè убедуваат, а сега од Брисел ни се дерат дека мораме да го смениме Уставот …, се сведе на одобрени сила и закана врз македонскиот народ, кои, ќе се користат – да се исполнат апсурдните услови на Бугарија.

Ова не е од сега … – Со години, овој опасен феномен безмилосно форсиран од европски политичари, покажува капитулација за иднината на европската политика и на самата ЕУ, за која, многустрани се прогнозите дека е во процес на распаѓање од кој нема вратка. Не само меѓу Македонците, туку и од светските аналитичари сè почесто се споменува дека нејзиниот кредибилитет се збриша како казна за болката која така злочинечки, намерно, свесно … ја нанесува на послабите.






– Никогаш нема да влезете во ЕУ – СЀ ШТО ИМАВТЕ ПРОДАДОВТЕ!; Почивај во мир Македонијо! … – нѐ изжали црногорскиот пратеник Медојевиќ …

„Случајот со Македонија е тажен …! Македонските преговарачи неписмени и необразовани не ја знаат историјата на сопствениот народ … немаат интелектуална способност …“ – напиша хрватскиот редовен професор, славист и македонист – Калоѓера, кој сочувствува со неправдите нанесени на Македонија и Македонскиот народ.

Ние – да не го правиме уште потажен нашиот „случај“, славејќи го истиот како победа. Да не се радуваме на сопствената несреќа … и да не се сомневаме дека од неа, со сопствени сили кои секој ден се погласни и побројни … ќе се избавиме со обновена самосвест и посилни од било кога.

Сега, треба да ни е јасно: – Сè додека без размислување прифаќаме да ги исполнуваме очекувањата на другите, … ќе треба да го правиме само тоа што ним ќе им угодува, се разбира, на наша штета. – Така правевме до сега? А отсега? – НЕ!?

Сè додека не станеме свесни за самите себе, кои сме, што сме и што сакаме … нема да знаеме дали живееме за себе, или за фиљан … Нема да знаеме кој живее во нашата бит, чии ставови, мисли, па и предрасуди, сме ги апсорбирале како свои и чие однесување сме заробиле во себе, во својата душа, ништејќи се себе.

Сè додека не се разбудиме и расвестиме од бунилото во кое западнавме, беспомошно ќе очајуваме собирајќи се самите околу себе како грешници и ќе се прашуваме – зошто дозволивме други луѓе од нашиот комшилак и домашните сопругаши, во нашиот живот, во зол час, да го бараат и (до сега) добиваат единствено сопствениот самоинтерес?

Затоа: – Да ги оставиме фалбите и честитките кои можеме да ги слушнеме, за жал, за „успехот на меѓу-владината конференција“ … и да го прекинеме, со зафат, правецот на патот определен од друг. За тоа – потребни се вонредни избори и промена на власта. Ако чекаме редовни, до тогаш нема сами себе да се препознаеме.

– Сега, во екот на целокупната економска криза и безброј други предизвици, се ангажираме со размислата за Референдум? – Не ни стана јасно дека од досегашното искуство, во оваа држава, секој демократски потег, од „Претседателот (-те) на криминалот во Македонија“ се смета за недопуштен чин со кој успешно се обрачунуваат со фалсификати, поткупи, интриги, надворешна помош од докажани европски манипуланти …?

И друго: – Ако се определивме за референдум, требаше порано …? Сега, дури и најуспешниот, нема да го промени „евро-француско-бугарскиот“ срам. И, кое би било референдумското прашање, а да не звучи – „после свадба тапани“?

Меѓутоа, кога европски политичари како на деца ни се силат дека „мора“ да го промениме Уставот и да го прифатиме ропството во наметнатиот „европски“ пат, начин за спротивставување, е и Референдум!?

– На Македонија и македонскиот народ, во моментов, поголема опасност им се заканува од внатре. Македонија прво од внатре се руши, од предавниците Македонци – Намесници во власта, кои осојузени и потчинети во политичко – криминалниот јазол со ДУИ, ја претворија државава и ова „мултиетничко општество“ во дувло од племиња и поглавари, кои по принципот на „процентуална застапеност“, јуришнички ги наполнија институциите со несоодветни кадри од „заштитено малцинство“, кое се постави себе во супериорна и игнорантска положба над мнозинскиот македонскиот народ. – Тоа … не смее да продолжи …!

Ако не се преземат чекори за рушење – СЕГА, на оваа власт од обединети криминалци кои на нас Македонците (не ги чувствувам за Македонци предавниците кои кренаа рака и гласаа против себе – ги жалам!) ни го навлекоа јажето околу вратот и нè наместија од НАДВОР да ни го потегнат … ништо не сме направиле.

– Да не чекаме историски „урнек од лекции за 7 одделение на тема Самуиловата држава, Владата да подготви и достави“. Во случајов – да подметне терк напишан од Бугарите, со сè таблата која треба да се окачи на Самуиловата крепост.

Тоа е подлата и идна задача на нашиот „надворешен“ министер кој не е Македонец и не му е гајле кој бил и што бил тој цар и чии крепосни ѕидини со векови стрчат над Охридското езеро како гордост на нашето историското минато. Тој има друга поважна агенда … Намерно наместен на баш-место, со одредена задача која поради нашата недоветност досега успешно ја врши, лесно потпишува Протокол за политички диктат и контрола на македонската национална историја …, за кој тврди дека е со „компромисно решение“,?! и го крие(ше) и содржински го „ублажува“ за полесно да ни го подметне. Каков компромис ни нуди тргувајќи со туѓ – мојот идентитет? – Сами сме виновни … Еднаш напишав: – Дали би дозволиле Албанците, Македонец (еве, јас) да преговара и одлучува за нивниот идентитет, јазик, историја … и тоа тајно, без да ги консултирам и благовремено известам за преземеното?

Да не зборувам за „Унилатералната декларација за Македонскиот јазикот“ и за фалсификатот кој го направи на лингвистичките факти по однос на јазикот и дијалектите … или за „политичката волја за Уставот“ која ја навестува, и ЌЕ ни ја „формира“ Османи и компанијата дебилни мутлаци околу него, каде не само што ќе се вметнат Бугарите, кои „на АСНОМ ни ја конституираа државата“, туку, до нив, во ниедно време да се натокмат и Албанците, за полесно ние Македонците да го играме „Тешкото“, со оркестар од две музики …

Работава е – „одзади ти е к’сметот“. Затоа, под итно да се издејствува оставка на Османи, кој, капата која ни ја скрои по мера на бугарска глава, сега сака да ни ја натакне на нашата и тоа прицврстена со сврдел. А тоа ќе биде ако под итно не падне оваа Влада, насилно, или на предвремени избори. Ако не сме кадри да ги собориме, да престанеме само да претаме како живинче кое се нашло во немилост и … И? Нека ни е на здравје за на век жетвата на отровната пченица од други посадена, која ќе ја јадат нашите деца.

Божемното храбрење и поттикнување од Османи упатено до заробените од нашата историската комисија, како и лажното тврдењето дека никој не се меша во нивната автономност во работењето … сега, како никогаш, е доведено под сомнение. Намерата е спротивна и однапред договорена. Јасно е дека токму преку историјата ќе им се пресуди на идните генерации Македонци. – Ќе дозволиме?

Лично се сомневам во реалноста и принципиелноста на новопечениот АКАДЕМИК, кој како Претседател на историската комисија, јавно го искажа своето тврдење дека Бугарите не биле фашисти и окупатори на дел од Македонија … Сега, тој нечесник нè теши, дека – сè што ќе се одлучува во Комисијата ќе биде со „реципроцитет“?! Кој реципроцитет, бре? Што бараме ние од Бугарите како реципроцитет за тоа што насилнички ни приграбуваат? – Нивни средновековни светилишта?, цареви?, преродбеници?, бришење на написи од нивни споменици?, отворање на архиви?, менување под наша контрола на нивни учебници каде не постои Македонецот и македонскиот јазик …? ИЛИ – Ќе ги спроведе пресудите од Стразбур? … Ќе ги внесе во Уставот Македонците од Пирин …?

Под итно наградениот да биде тргнат од Комисијата … која треба да се растури, бидејќи, ако ја толерираме ваква каква што е, и ние народот сме нејзини соработници.

Луѓе! – Ова сега што ни се случува е предавство! – Науката е врамена во предавничкиот политички договор! – Грците ни ја украдоа античката историја со сè името, а Бугарите, во продолжение ни ја присвојуваат средновековната и поновата историја, јазикот, културата … Што остана од нашиот идентитет? Свесни ли сме дека со наш амин ќе останеме со одрана кожа?

П.С. – Да не креваме џева за нотарски заверените изјави на пратениците од ВМРО – (ДАЛИ) БИЛЕ НИШТОВНИ? Не се ништовни! – Валидни се и без нотарска заверка. Намерата не е тие да послужат како доказ пред суд, туку се одглас од личен став и завет, дека – штитејќи го Уставот, ќе останат достојни бранители на својата чест, честа на Македонскиот народ и Македонија

Поврзани содржини