СЛУЧАЈОТ СО ЕКС-ДИРЕКТОРОТ НА „ШУТКА“ ЈА РАЗОТКРИВА МРЕЖАТА НА ЗАЕВ ВО СУДСТВОТО Судијата кој го осуди Сокол ја добил функцијата само со година стаж

Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд, соопшти ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ја денешната пресуда од 8 месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андонов Сокол.

2,445

„Кога СДСМ обвинува за политички прогон од ВМРО-ДПМНЕ, во случајот со криминалот на екс-директорот на затворот во Шутка, Филип Андонов Сокол, треба да кажат дека судијата кој го осуди е поврзан со судиите и обвинителите кои го замрзнуваа имотот на ВМРО-ДПМНЕ и се изживуваа со наши членови со години додека СДСМ беше власт“.

Вака реагира ВМРО-ДПМНЕ на последните соопштенија на СДСМ коментирајќи ја денешната пресуда од 8 месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка.






„Судијата која изрече пресуда за Филип Андонов Сокол е син на Јавната обвинителка, Елизабета Јосифовска, која беше дел од СЈО и го замрзна имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Истиот овој судија е поставен од кадарот на Заев, Иван Џолев, со само една година стаж во одделот за организиран криминал во Кривичниот суд.

Додека обвинителка во предметот на Сокол е Валентина Беслимовска истата што го повлече обвинението за Зоран Заев и го амнестираше.

Како овие судии и мрежа обвинители се дел од мрежа на ВМРО-ДПМНЕ? Луѓето кои хараа со Заев и Филипче можат да бидат само дел од системот на СДСМ и никако поинаку“, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини