СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА НЕ СМЕЕ ДА ЗАВРШИ СО ЕДЕН ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР Левица бара сите инволвирани да бидат казнети
Партијата твдри дека голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите.
Се повторува практиката најслабите кои биле инволвирани во криминалите да бидат единствените кои понесуваат одговорност за целиот случај!, обвинува Левица.
Партијата твдри дека голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите, и бара обвинителството да ги обелодени сите иммиеа за кои има докази , а не да се занимава само со еден фармацевтскиот техничар во болничката аптека на Клиниката обвинет за земање мито за издавање на терапија.
– Спрегата меѓу криминалот, политиката и обвинителството никогаш не била појасна! Секоја откриена информација за случувањата на Онкологија заслужува внимание на ОЈО, па така и оваа за фармацевтскиот техничар. Сепак не е доволно. Според информациите кои пристигнуваат секојдневно, еден голем дел од персоналот на клиниката знаел за криминалот или пак учествувал во криминалниот синџир за продавање на лековите. Во последните две недели Обвинителството не излезе со јасни обвиненија за сите за кои до сега се прибрани докази кои укажуваат дека биле дел од криминалната мрежа! – велат од Левица.
Според партијата, пациентите сакаат одговорност.
-Блиските на жртвите бараат правдата да ги стави позади решетки тие кои уништиле стотици животи, со што пак идните генерации би биле особено внимателни за последиците од неморални и непрофесионални медицински постапки! – велат од Левица.