СЛУЧАЈОТ ОНКОЛОГИЈА ГО ЗАБОШОТИЈА ЗАШТО ОДИ ДО ВРВОТ Александар Николовски вели дека владата е легло на корупција
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека измените во КЗ се однесуваат на министрите од првата влада на Заев кои повеќе не може да бидат повикани на одговорност, како и на самиот Зоран Заев, а тоа важи и за политичарите од ДУИ.
Воопшто не се отвори истрага за случајот Онкологија, заврши на предистрага. Заврши на едно театрално влегување во Клиниката, одземање на материјали, и тоа е тоа, нема друго ништо – истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „За или против” на Алфа телевизија.
– Она што се слуша во одредени кругови е дека наводно документите на омилената веледрогерија на власта одговарале со документите во Клиниката, но тоа е не е суштината, никој не е доволно наивен од тие кои што прават таков криминал да на документи направи грешки. Треба да се влезе во суштината и да се види дали тоа што требало да биде давано на пациентите е давано, на кој начин е давано, како е користено итн. – рече Николоски.
Николоски додаде дека претседателката на Анкетната комисија за случајот со Онкологија, Рашела Мизрахи спреми еден обемен извештај кој што го презентираше на прес конференција пред јавноста и на која што јасно лоцираше одговорност. Но до денес се нема информација дека било кој од обвинителството се заинтересира да го разгледа случајот со Онкологија. И тоа јасно говори дека сакаат да се заташка работата.
– Направија како некоја предистрага и се заврши на тоа. Затоа што е јасно дека ова оди до врвот, имено на едно од сведочењата во Анкетната комисија, еден од сведоците кажал дека поранешен премиер и поранешен министер се исто така вмешани во оваа работа. И каде што ова многу сомнежи отвора, но пред се околу хуманиот аспект и околу состојбата на здравството. Состојбата на здравството во Македонија е на катастрофално ниво, никогаш не било полошо – заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николовски ги коментира и измените во Кривичниот законик.
– Се случи тоа што го кажав, ги предвидов овие работи, кажав дека измените во Кривичниот законик се однесуваат на поранешните генерални секретари на владата Драги Рашковски и Мухамед Зекири и гледаме дека или поминуваат полесно или се на слобода – рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Николоски нагласи дека измените во КЗ се однесуваат на министрите од првата влада на Заев кои повеќе не може да бидат повикани на одговорност, како и на самиот Зоран Заев, а тоа важи и за политичарите од ДУИ.
– На владата криминалот и правењето брзи пари им се врвен приоритет, а не заштита на националните интереси. Не може да очекувате ништо од луѓе кои ја создаваат корупцијата, тие се нејзини автори, тие ја создаваат и го уништуваат системот – рече Николовски.