Лични податоци на 18.105 жители на Велс, кај кои е потврден коронавирусот, случајно се поставени на јавен сревер и биле достапни онлајн 20 часа во август, објави велшкиот здравствен систем, пренесува хрватски Индекс.
Причината за протекувањето е индивидуална човечка грешка, објави велшкиот јавен здравствен систем, додавајќи дека е нарачана екстремна истрага за протекувањето на податоците и дека се преземени чекори за да се спречат слични инциденти.
– Засега нема докази дека податоците се злоупотребени – се наведува во соопштението.
– Но, признаваме дека тоа ќе предизвика загриженост и анксиозност и длабоко жалиме дека во овој случај, не успеавме да ги заштитиме доверливите информации на граѓаните на Велс – се додава во соопштението.
Податоците се поставени на 30 август вечерта и можел да ги пребарува секој корисник на мрежната станица на велшкиот јавноздравствен систем до отстранувањето утрото следниот ден.
Додека податоците биле достапни, ги прегледале 56 непознати корисници.
Системот на јавното здравство наведува дека во повеќето случаи, односно од 16.179 лица, биле достапни иницијали, датумот на раѓање, географското подрачје и полот, поради што е мал ризикот за идентификација.
Достапни биле информации за името на домот во кој се сместени 1.926 штитеници на домови за стари и немоќни, чии податоци кратко биле достапни, и ризикот за идентификација во тој случај е поголем, но и натаму мал.