Словенија ги отвора малите гранични премини со Хрватска

Малите премини ги користат најчесто жителите на пограничните села и градови, а границата е дозволено да ја поминуваат само граѓаните на Европската унија.

325

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс изјави дека Владата одлучила на 15 јуни да ги отвори и малите гранични премини кон соседна Хрватска.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, овие премини со месеци беа затворени поради епидемијата на коронавирусот, но со значителното подобрување на епидемиолошката слика во двете земји се создадоа услови и овие гранични точки да бидат отворени за граѓаните.






Малите премини ги користат најчесто жителите на пограничните села и градови, а границата е дозволено да ја поминуваат само граѓаните на Европската унија. Сепак, поради пандемијата со ковид-19, овие премини беа затворени со цел да се спречи ширењето на заразата.

Инаку, главните гранични премини меѓу двете земји сега нормално функционираат, но проблеми се регистрираат при товарниот сообраќај. Министерот Хојс изјави дека тие ќе го зајакнат персоналот на границата во обид да се намали времето на чекање за камионите.

Поврзани содржини