СЛОВЕНИЈА ГИ ОСВЕЖУВА СИЛИТЕ Нови 52 пожарникари ги менуваат преморените 45 колеги

Во Македонија во моментов има 45 словенечки пожарникари, а втората група – 43 пожарникари и 9 припадници на цивилната заштита ќе ги заменат нивните колеги кои се од 6 август во регионот на Берово.

265

Министерството за одбрана на Словенија одлучи во Македонија да испрати нови 52 пожарникари и членови на цивилната заштита, јавуваат словенечките медиуми.

Во Македонија во моментов има 45 словенечки пожарникари, а втората група – 43 пожарникари и 9 припадници на цивилната заштита ќе ги заменат нивните колеги кои се од 6 август во регионот на Берово.






Како што објавуваат медиумите во Словенија, специјалните возила за гасење пожари остануваат во Македонија, а се менува само тимот.

Досегашните пожарникари дејствуваа од 5 август и тоа 12 часа на ден во екстремно тешки услови, а само еден од нив бил полесно повреден додека поправал едно противпожарно возило.

– Ситуацијата во Северна Македонија и натаму е сериозна. Гори практично на местото каде што отиде словенечкиот тим. Ветровите постојано го менуваат правецот, а влажноста на воздухот е мала, со што се овозможува ширење на пожарите – вели Јанез Бордон, шеф на вториот словенечки тим.

Минатата недела словенечките пожарникари добија барање за помош од Македонија и само за неколку часа 17 возила од Словенија тргнаа на 20-часовен пат. Оттогаш за нив нема одмор и по 10 часа на ден им помагаат на очајните локални жители, со цел да се спасат селата. Според словенечкиот тим, веќе со сигурност спасиле три села и неколку куќи.

Поврзани содржини