Словенија доби нова влада: Јанез Јанша е идниот премиер

Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на коронавирус.

707

Словенечкото Собрание ја изгласа новата словенечка влада предводена од Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Владата доби поддршка од 52 пратеника, а против гласаа 31.






Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на коронавирус.

Јанша по тре пат ќе ја извршува функцијата премиер, а мандатот овој пат ќе му трае само две и пол години, за кога се закажани редовните парламентарни избори.

Поврзани содржини