(ФОТО) СЛОВЕНЕЦОТ ПРЕД ДА ОСВОИ НБА ПРСТЕН РЕШИ ПРВО ДА ПОДАРИ Дончиќ клекна пред словенечката убавица, прв му честиташе „Кралот“
Дончиќ ја побара својата идна сопруга на 7-7 ( 7-ми јули), што во превод е и симболика за бројот кој го има на својот дрес во Далас (77).
Лука Дончиќ остави зад себе разочарувачка сезона во НБА лигата во која неговиот Далас не успеа да се избори за плејоф, а Словенецот сам откри дека негативно врз него влијаеле и некои приватни проблеми.
Дончиќ не сакаше да открива за што станува збор и имаше неколку месеци да ја „олади главата“, но сега стартот на летото го искористи за да овековечи една долга врска.
Големата НБА ѕвезда клекна во Бледското езеро и ја побара својата избраничка Анамарија Голтес, а при креирањето на специјалниот момент се погрижи и за уникатна симболика.
Дончиќ ја побара својата идна сопруга на 7-7 ( 7-ми јули), што во превод е и симболика за бројот кој го има на својот дрес во Далас (77).
Лука експресно почна да добива милиони честитки за прекрасната вест, а еден од првите беше и „кралот“ Леброн Џејмс.
View this post on Instagram