Словенечката војска изгради мобилна болница за лица заразени со коронавирусот
До вечерва во Словенија има вкупно 275 лица заразени со коронавирусот.
Словенечката војска изгради мобилна болница со цел во неа да се лекуваат лица заразени со новиот коронавирус.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, таа е поставена во кругот на касарната Едвард Пеперка која се наоѓа во главниот град. Отворајќи ја болницата новиот министер за одбрана Матеј Тонин изјави дека се надева дека нема да има толку голем број заразени кои ќе мораат да се лекуваат во вакви воени болници.
– Капацитетот е веќе поставен и подготвен за можно дополнително зголемување на бројот заразени лица. Се надевам дека до тоа нема да дојде и ќе успееме да го спречиме ширењето на болеста, но сега ние мораме да делуваме превентивно – изјави Тонин.
До вечерва во Словенија има вкупно 275 лица заразени со коронавирусот.