📽️ СЛОВЕНЕЧКАТА „ДИНАСТИЈА“ ПРЕВЦ ПОВТОРНО ГО КРЕНА ЗЛАТНИОТ ОРЕЛ „Четири скокалници“ му припаднаа на помалиот брат

Пред десет години гледав како брат ми го крева трофејот. Сега тој е во мои раце. Ова е исполнување на детскиот сон, рече видливо возбудениот Домен Превц.

970

Во емотивен миг на актуелната скијачка сезона, 26-годишниот Домен Превц ја испиша најновата страница на словенечката спортска бајка, освојувајќи го престижниот „Златен орел“ на турнејата „Четири скокалници“.

Во големото финале во Бишофсхофен, Австрија, Превц ја потврди својата доминација иако дневната победа му припадна на домашниот херој Даниел Чофениг, кој со скок од 140,5 метри ги воодушеви навивачите и освои 303,9 поени. Словенецот заврши втор со 299,8, што беше доволно за вкупна победа на турнејата со 1.195,6 поени – убедливо пред Јан Херл и Стефан Ембахер.






– Пред десет години гледав како брат ми го крева трофејот. Сега тој е во мои раце. Ова е исполнување на детскиот сон – рече видливо возбудениот Домен.

Оваа победа го прави Превц третиот Словенец што го освоил „Златниот орел“, по легендарниот Примож Петерка (1997) и неговиот брат Петер Превц (2016). Со тоа, династијата Превц уште еднаш покажа дека словенечките скокови не се само спорт, туку традиција, гордост и семејна приказна што трае три децении.

Поврзани содржини