Словенечка опозиција: Уставниот суд да одлучи за уставноста на ограничувањето на движењето

Партијата на поранешниот премиер Марјан Шарец (ЛМШ), Левица, Социјал-демократите (СД) и Партијата на Аленка Братушек (САБ) сметаат дека некои одлуки на владата и некои делови од таканаречениот „Мега корона Закон” излегуваат од уставната рамка, па затоа бараат Уставниот суд да одлучи за уставноста.

290

Четирите најголеми опозициски партии во Словенија објавија дека ќе поднесат претставка до Уставниот суд за оценка на уставноста на владините одлуки за ограничувањето на движењето и посебните полициски овластувања, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Партијата на поранешниот премиер Марјан Шарец (ЛМШ), Левица, Социјал-демократите (СД) и Партијата на Аленка Братушек (САБ) сметаат дека некои одлуки на владата и некои делови од таканаречениот „Мега корона Закон” излегуваат од уставната рамка, па затоа бараат Уставниот суд да одлучи за уставноста.






Пратеникот на Левица Матеј Ташнер Ватовец изјави дека во Законот за справување со епидемијата и последиците од коронавирусот, имаат одредби кои немале допирана точка со превенција од заразата.

– Зборувам за посебните полициски овластувања кои немаат ништо со спречување на ширењето на коронавирусот – изјави Ватовец.

Од СДС (Словенечка демократска партија) на Јанша, кажаа дека се работи само за „игри” на опозицијата.

Инаку, од Уставниот суд објавија дека до нив се пристигнати над 50 претставки на граѓани и разни субјекти за оценување на уставноста на владините мерки со кои се ограничува движењето на граѓаните, само во општините во кои живеат.

Фото: МИА

Поврзани содржини