Словенец со моторна пила сакал да влезе во Собранието: „Доста ми е од карантинот!“ (ВИДЕО)
Како што објавија словенечките медиуми, никој не бил повреден во инцидентот, ниту, пак, настанот влијаел врз работата на парламентот, каде што пратениците дискутирале за разрешување на претседателот на Собранието, Игор Зорчиќ, објави СТА.
Во вторникот еден човек се обидел да влезе во зградата на словенечкиот парламент со моторна пила извикувајќи „Доста ми е од карантинот“, но припадниците на безбедносната служба го запреле на главниот влез.