СЛОВЕНЦИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ЗА ДРУГИ Зависник од хероин бил имунизиран 23 пати
Еден млад човек посочи дека бил вакциниран веќе четири пати, и дека од мај се трага по луѓе во Словенија кои ќе бидат вакцинирани во име на друго лице.
Словенечките медиуми ја шокираа локалната јавност откривајќи афера поврзана со вакцинацијата против коронавирус, бидејќи наводно поединци наплатуваат за вакцинација во име на други луѓе.
Повеќето од нив се бездомници или луѓе со понизок финансиски статус, кои на тој начин ја обезбедуваат својата егзистенција.
Порталот Дело известува, дека на Клиниката за инфективни болести во Љубљана, еден зависник од хероин бил вакциниран дури 23 пати во име на некои други луѓе кои не сакале да примат вакцина, но ја „примиле“ на тој начин за да добијат ковид-сертификат.
Еден млад човек посочи дека бил вакциниран веќе четири пати, и дека од мај се трага по луѓе во Словенија кои ќе бидат вакцинирани во име на друго лице.
Според порталот Дело, овој пропуст фрла сомнеж врз идентитетот на лицата што се вакцинираат.
Словенечките власти сѐ уште не ги коментираа овие медиумски наводи, па за очекување е оваа приказна да го добие своето продолжение во следните неколку дена.