Слониците Дуња и Даела „не се трпат“, ќе шетаат одвоено

Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет.

1,293

Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници. Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња.

Во таквите периоди многу е важно двете слоници привремено да уживаат во прошетките одвоени една од друга. Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ.






– Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет. Сепак, посетителите на скопската ЗОО и во овој период ќе може да уживаат во друштво на популарните Дуња и Даела во другиот дел од нивниот двор – соопшти компанијата.

Поврзани содржини