СЛОБОДНО НЕКА НАПРАВАТ РЕВИЗИЈА НА СИТЕ МОИ ЛИЦЕНЦИ Синдикалецот Тасевски објасни дека како и сите други бил принуден да ги помине сите обуки и курсеви

Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев „принуден“ да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, вели Тасевски.

605

Претседателот на Струковиот синдикат на контролорите на летање Александар Тасевски на социјалните мрежи напиша дека ги поздравува потезите на Владата да се „чешлаат“ вработувања и со самото тоа и досегашното работење на М-НАВ, укажувајќи дека тоа всушност и биле нивните синдикални барања до сега.

„Би сакал да му се заблагодарам на Премиерот Ковачевски што некој најпосле ги послуша нашите барања со сериозност, а не како во минатото, сето тоа да остане на празни ветувања. Што се однесува до инсинуациите за семејни вработувања и непотизам, во конкретниов случај посочен јас и моето семејство, стојам на располагања, на сите институции, и ревизии, со соодветни документации, лиценци и обуки, завршени во странство, и кај нас“, напиша тој.






Тасевски наброја и дел од образовните институции низ кои тој поминал со цел да и се објасни на јавноста, дека неговото школување за контролор на летање, започнало многу пред М-НАВ дури и да постои како компанија, во далечната 1993 година.

„Како дел од фелата на контролори на летање, успеав, и сеуште настојувам да помогнам со моето стекнато знаење, да ја усовршам професијата, себеси па и компанијата, давајќи удел од самите почетоци кога М-НАВ како компанија прооде за прв пат. Фактот што татко ми, посочен исто во изјавата, бил претходно вработен во полето на авијацијата, од времето на бивша Југославија па после и во М-НАВ, но јас сепак бев „принуден“ да ги поминам сите тие обуки, курсеви, испити и препреки, укажува на професионалноста од негова страна, доблеста и дисциплината што ни ја втемели во нашиот карактер“, вели Тасевски.

Тој вели дека всушност и од таму потекнува борбеноста, љубовта и желбата за максимална професионалност во контролата на летање, за која тој продолжува и понатаму да се залага да се применува за секој еден кој што сака да биде дел од воздухопловното семејство, без разлика дали е „нечиј“ или „ничиј“.

„Овој факт, би требал да биде пример за пофалба, а не за критика и дефокусирање од вистинските проблеми во М-НАВ“, стои во неговата објава на социјалните мрежи.

КОВАЧЕВСКИ ПОДМОЛНО ГО НАПАДНА ПРВИОТ СИНДИКАЛЕЦ „Контролата на летање стана семејна фирма, еве да тргнеме од тоа кој му е татко на Тасевски“

Поврзани содржини