СЛОБОДНО ГЛАСАЈТЕ! Сабота е неработна за жителите на Тетово, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Министерството за труд и социјала вели дека не треба да се одработува според Изборниот законик.

145

Согласно заклучокот на 69 седница на Владата, 20 aвгуст 2022 година (сабота) е неработен ден за граѓаните на општините Маврово и Ростуша, Центар Жупа и Тетово, за непречено спроведување на изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуша, градоначалник на Општина Центар Жупа и членови на Советот на Општина Тетово.

Овој ден, како што информираат од Министерството за труд и социјална политика, нема да се одработува, имајќи го предвид Изборниот законик. 

Поврзани содржини