СЛОБОДЕН ПЕТОК ИЛИ ШЕСТЧАСОВЕН РАБОТЕН ДЕН Словенија воведува скратена работна недела за тие што се пред пензија

Услов да се користи ова олеснување работниците треба да бидат постари од  58 години или да имаат најмалку 35 години стаж.

982

Во Словенија, на 1 јануари 2026 година делумно ќе стапи на сила новите измени на Законот за регулирање на пазарот на трудот, кои ќе им овозможат на вработените кои се приближуваат кон пензионирање да го скратат времето поминато на работа.

Покрај тоа се предвидува зголемување на бенефициите за невработените и учесниците во јавни работи, како и полесен пристап до пазарот на трудот за млади, студенти и пензионери.






Според најавените измени, работниците постари од  58 години, како и оние со најмалку 35 години стаж, практично ќе можат да избираат помеѓу слободен петок, продолжен викенд или скратен работен ден од 6 часа, потврди Министерството за труд, семејство, социјални работи и еднакви можности за словенечките медиуми.

Според моделот наречен 80-90-100 предвидува работно време од 80%, 90% од платата и целосни придонеси како да се работи 100%.

Оваа идеја делумно ги презема искуствата на Исланд, Ирска и Германија, каде што слични модели доведоа до позитивни резултати: поголема продуктивност, помалку отсуство од работа и подобра ефикасност.  Во Словенија, пилот-проекти веќе се спроведени во технолошките компании, кои покажаа слични резултати.

Министерството за труд, предводено од Лука Месец од Левичарската партија, наведува дека доколку промените се покажат како успешни, ќе направат чекор понатаму во либерализацијата на трудовата регулатива.

До крајот на 2028 година, можни се и дополнителни промени: надомест за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени и воведување на 38-часовна работна недела.

Како дел од првата фаза од законските измени, се предвидуваат дополнителни мерки. Од 2026 година, невработените во Словенија ќе добиваат повеќе пари преку бенефиции. Максималниот износ што невработените ќе го добиваат во текот на првите три месеци по престанокот на работниот однос ќе изнесува 130% од просечната бруто минимална плата, која моментално надминува 1.660 евра. Доколку не најдат работа ни по три месеци, следува надомест од 110%, потоа 100%, и конечно 70% од просечната бруто минимална плата.

Значајни промени и зголемувања се предвидени за учениците, студентите и учесниците во јавни работи. Тие ќе имаат повисоки минимални часовни плати и подобри услови за работа. Планирани се и посебни стимулации за вработување на лица постари од 59 години, до 40% од месечната нето надомест. Оваа категорија граѓани ќе има право на повеќе дозволени часови повремена и привремена работа.

За пензионерите, месечното ограничување на работата се зголемува од 60 на 85 часа, што пропорционално го зголемува максималниот годишен приход што можат да го остварат врз таа основа.

Поврзани содржини